Бракот на Крис Џенер, мајката на Ким Кардашиан и нејзиниот сопруг Брус Џенер, наводно бил во криза. Како што пренеле медиумите, Крис често флертувала со млади мажи, што на крајот му здодеало на нејзиниот сопруг. Поранешниот олимписки спортист Брус Џенер се состанал со адвокатот како би разговарал за развод. По 21 година заеднички живот, му здодеало да живее со Крис, која била себична и флертувала со млади мажи.
Парот има две ќерки, Кендал и Кајли, како и имот вреден 155 милиони долари. Минатата година ги обновиле брачните завети, што било прикажано во една од епизодите на шоуто “Keeping Up With The Kardashians”. неговите пријатели често на шега го нарекувале Брус Кардашиан, тврдејќи дека целото богатство го стекнала неговата сопруга.