Родителите на познатото риалити семејство Кардашианм, Крис и брус Џенер, обелодениле дека се разведуваат, така потврдувајќи ги се почестите гласини за нивното разделување во таблоидите. Тие двајца биле во брак од 1991 година и заедно имаат две малолетни ќерки, Кендал и Кајли.
Парот изјавил дека живеат разделени и дека така се среќни. Иако повеќе не биле заедно, ќе останеле пријатели и семејството секогаш ќе им било приоритет. Крис Џенер, која на телевизијата Фокс започнала свое ток шоу “Kris”, иума три ќерки од претходниот брак со адвокатот Роберт Кардашиан, Кортни, Клои и Ким, водечкото трио во популарното риалити шоу. Брус Џенер на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година освоил златен медал во десеттобој.