Сопругот на славната пејачка, според британските медиуми, се исели од нивниот семеен дом пред празниците, а повеќе не ја носи ни бурмата. Во бракот кој траеше пет години Лили и Сем добија две девојчиња, Марина и Етел. Музичките турнеи и ноќниот живот на нескротливата Лили Ален пресудија на нејзиниот брак со 37-годишниот Сем Купер. Иако после венчавката во 2011 година се обиде да биде примерна домаќинка и мајка, Лили набрзо се откажа од идиличниот живот на село и се врати во Лондон, почнувајќи да и се враќа на музиката.

 

Две години Сем бил задолжен за грижата врз девојчињата, додека Лили била преокупирана со кариерата и музичката турнеја. Шушкањата дека на нивниот брак дојде крај овие денови на светло ги изнесе британскиот „The Sun“. Сем повеќе не се обидува да го сокрие својот брачен неуспех, а и се исели од куќата која ја дели со Лили. Парот веќе неколку месеци не се појавува заедно во јавност.