Актерот Дејвид Аркет поднел барање за развод од актерката Кортни Кокс која е позната по улогата на Моника во серијата „Пријатели“, пренеле американските медиуми. Аркет како причина за разводот ги навел непремостливите разлики кои ги имал со својата сопруга.
Исто така тој побарал и заедничко старателство над нивната ќерка Коко која има седум години. Разводот конечно дошол откако измина повеќе од една година откако Кокс и Аркет објавиле дека се разделуваат.