Пејачката и актерка Хилари Даф поднела барање за развод од сопругот Мајк Компри, а главна причина е тоа што тој и понатаму „живее како ерген“ и премногу излегува. Парот се венчал пред пет години а веќе една година не живеат заедно. Меѓутоа, Хилари дури сега поднела барање за развод.

На овој потег се одлучила откако во медиумите се појавиле фотографии на кои се гледа како поранешниот хокеј играч ужива во друштво на неколку девојки. Сите овие фотографии биле проследени со текстови дека Мајк постојано излегува и ја изневерува сопругата. Пејачката побарала и полно старателство над нивниот син кој има три години.