Пејачката Гвен Стефани се разделува од Гевин Роздејл со кој живеела петнаесет години, бидејќи не престанувале да се караат, и покрај редовните посети на брачни советници. Фронтменот на групата “Bush” наводно се чувствувал загрозен бидејќи Гвен имала поуспешна кариера. Ова не е прв пат да се пишува за нивен наводен развод.

Во 2004 година порталите “Gossip Cop” i “RumorFix” пишувале дека пејачката дознала како тој ја имал ќерката Дејзи Лав од врската со Перл Лав, што било потврдено од тестот за татковство. Ниту Гвен ниту Гевин не се огласиле по повод наводите во медиумите. Тие се во брак од 2002 година и имаат две деца, Кингстон и Зума.