Пејачката Гвен Стефани и музичарот Гавин Росдејл се разведуваат после 13 години брак, пренесуваат американските електронски медиуми. Познатиот пар изјави дека иако одлуката за разводот е заедничка, ќе останат партнери во родителството кое ќе го извршуваат заеднички, бидејќи обајцата се силно посветени на одгледувањето на своите деца.

 

Гвен Стефани, која се прослави како пејачка на бендот “No Doubt” и пејачот на бендот “Bush” имаат три сина од кои најмладиот има година дена. Стефани ги предаде документите за развод на високиот суд во Лос Анџелес, а како причина ги навела непремостливите разлики кои ги има со партнерот.