Американската актерка Ешли Џад и возачот на тркачки автомобили Дарио Франчити се разделиле после 11 години брак. Актерката и возачот се венчале во 2001 година и немаат деца. Во соопштението на парот било наведено дека заеднички одлучиле да стават крај на нивниот брак. Причината за разделувањето не е позната. Ешли е ќерка на кантри музичарката Наоми Џад и е позната по улогите во филмовите „Двоен ризик“ и „Злосторство во високите кругови“.

Се шпекулирало дека би можела да биде кандидат на демократите за американскиот сенат во 2014 година, но актерката ништо официјално не соопштила. Медиумите пренесуваат дека Џад, која ја претставувала државата Тенеси на националната конвенција на демократите во 2012 би можела да биде кандидат за едно од местата за Кентаки во Сенатот.