Холивудската актерка Џенифер Анистон баш нема среќа во љубовта, а доколку може да им се верува на таблоидите, во брачната идила на актерката повторно се вмеша трето лице. Имено, како што пишуваат американските таблоиди, нејзиниот сопруг Џастин Теру им љубовница. Според Радар Онлајн, Џенифер веќе подолго време се сомнева дека Џастин останал во тајна врска со својата поранешна девојка. Сомневањето на актерката порасна откако го фатила како лаже.

 

Според пишувањата на таблоидот, на Џастин му ѕвонел телефонот, а на својата сопруга и рекол дека го бара некој пријател кој таа не го познава. Сепак, Џенифер пронашна прилика и го повикала бројот од кој дошол повикот, а кога се јавил женски глас потполно се скршила. Таблоидите веќе најавуваат развод на славниот пар, а доколку тоа навистина се случи, се споменува и вртоглава сума од 170 милиони долари која ќе мораат да ја поделат.