Холивудскиот актер Дени де Вито и Реа Перлман се разделиле после 30 години брак, пренеле светските агенции. Портпаролот на Дени потврдил дека се разделиле, но не соопштил никакви детали за разделбата. Се венчале во 1982 години и имаат три возрасни деца. Парот, познат по тоа што играат ликови со остар јазик, заедно глумеле во тв комедијата „Такси“ и детскиот филм „Матилда“.
Перлман е најпозната по својата улога во серијата „Кафе наздравје“ за која добила четири Еми награди. Парот исто така ја основаат продукциската компанија “Jersey Films” која потпишала голем број холивудски хитови.