Пејачката зад себе веќе има еде пропаднат брак со гитаристот и пејач Дерик Вибли. Нивната љубов траела четири години. Но и новиот брак не траел долго. Иако оваа година се пофалила со прстен кој го доби за нивната прва годишнина од бракот, извори блиски до парот тврдат дека дека Аврил Лавињ и продуцентот Чед Крогер се разделуваат после само 14 месеци брак.
Извор за американските медиуми тврди дека Чед на сите им кажувал дека на нивниот брак му дошол крајот. Додава дека тој бил кретен поради начинот на кој разговарал со Аврил, а и поради начинот на кој се однесувал кон луѓето генрално. Повеќето од нејзините пријатели воопшто не го сакале.