Клинт Иствуд и официјално се развел од својата сопруга со која живеел 18 години. Судот во Монтереј го финализирал разводот вчера. Клинт и Дина Мари Иствуд имаат една ќерка која на почетокот на овој месец наполнила 18 години. Дина Мари поднела барање за развод на бракот во октомври 2013 година.

 

Како причина го навела непремостливите разлики кои се појавиле помеѓу нив. Биле во брак од март 1996 година. Парот се запознал кога таа го интервјуирала актерот и со Оскар награден режисер за една телевизиска станица. Клинт Иствуд претходно бил во брак и со Меги Џонсон од 1953 до 1984 година.