Оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со оплеменување на јавните зелени површини во градот и околината со засадување на цветниот материјал viola (очиња) од сопствено производство.

Овој цветен саден материјал е издржлив и отпорен на пониски температури па ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период. Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, кружните сообраќајници, па потоа периферните делови од градот, се` до напролет, велат од претпријатието.

Додаваат дека биле реализирани и повеќе активности на терен за чистење обраснато зеленило на улиците „АСНОМ“ и „Ристо Чадо“, како и во селата Косел и Велгошти.

OhridNews