Соблекувањето пред камери на овој холивудски заводник не му е непознато. Веќе го видовме како од мајка роден во филмот „Бронсон“ од 2007 година, а сега повторно го покажа своето голо тело. На снимањето на мини серијата „Табу“, Том Харди потполно гол пливаше во езеро, и воопшто не му сметаше ледено ладната вода.
Покрај бројните тетоважи кои веќе го красат неговото тело, изгледа за потребите на новиот проект шминкерите му направија уште неколку. Не се трудеше ниту да ги сокрие своите интимни делови од папараците кои го забележаа на снимањето. Интересно е што оваа мини серија е заснована врз приказна која Том ја напиша заедно со својот татко Едвард Харди. Оваа година е еден од главните фаворити за Оскар во категоријата најдобар спореден актер, за улогата во филмот „Повратник“.