Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за попсиот, соопшти денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

Хоџа на прес-конференција во Владата истакна дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите и повеќе не смееме да го одложуваме. Пописот е статистичка операција и во него нема политика

Oва се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите. Државата треба да ги знае клучните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смееме да ја одложуваме зашто нејзиното организирање е за општо добро. – рече Хоџа.

Треба сите да бидеме свесни, нагласи, колку ни се неопходни податоците кои треба да ги даде пописот за планирањето на развојот на државата.

Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за одржување на пописот во април 2021 година. Во пописот нема политика, ова е статистичка операција под мониторинг на Евростат, заклучи Хоџа.

OhridNews