Директорот на позната компанија во Турција „ Fish and chips “, Левен Ерсој покрај Охрид и Струга ја посети и општина Дебрца каде оствари средба со градоначалникот Игор Трајкоски.
На средбата се разгледуваше можноста за изградба на големи Аутлет-шопинг центри кои би се граделе во близина на регионалниот пат Охрид-Кичево.
Градоначалникот Трајкоски посочи локација за изградба на шопинг центри кај клучката Оровник-Подмолје бидејќи општината веќе има изработено урбанистички план каде има предвидено такви комерцијални објекти. Потенцијалниот инвеститор истакна дека се интересира за инвестирање во земјоделието конкретно за површини каде што може да се садат нови сорти на јаболка и црешни, како и изградба на ладилници за чување на истите.
OhridNews