После години пријателство, Шон и Шарлиз започнаа романса во декември 2013 година. Недолго потоа следуваше веридба, а се укажуваше на тоа дека парот наскоро ќе се венча. Сепак, извор за “Us Weekly“ тврди дека парот пред два месеци престојувал во Европа и дека после тоа патување Шарлиз одлучила да ја раскине веридбата. Изворот тврди дека токму Шарлиз е таа која ја откажала свадбата која требало да се случи оваа година.

 

Нивното разделување е поприлично изненадување за сите, бидејќи заедно биле на филмскиот фестивал во Кан каде делувале доста среќно вљубени. Сепак, последен пат заедно се видени на 31 мај на доделувањето на наградите “Critic’s Choice“. Како што пренесува списанието “People“, парот не живее заедно од почетокот на овој месец, па иако за нивната веридба се пишуваше доста, парот никогаш јавно не потврди.