Мелани Грифит и Антонио Бандерас се разделуваат после 18 години брак. Барањето наводно го поднела Мелани, како причина наведувајќи ги ненадминливите разлики. Во барањето актерката бара алиментација и заедничко старателство.

Ова барање и нема некој смисол, бидејќи нивната ќерка Стела наскоро полни 18 години. Освен тоа Мелани бара алиментација и за себе. Според зборовите на извори блиски до парот, се разделуваат во пријателску околности. Ова е четврти развод на Мелани а втор на Бандерас.