Членовите на музичката група „Блек Ајд Пиз“ планираат да објават во јавноста дека се разделуваат, пренесуваат таблоидите. Групата наводно ќе издаде соопштение во јавноста после настапот на 8 октомври на концертот „Мајкл засекогаш“ во Велс.
Овој состав, откако направил поголема пауза во јули, потврдил минатиот месец дека ќе настапи на концертот во чест на кралот на попот, како и дека ќе одржи хуманитарен концерт во Њујорк. Неименуван извор рекол дека саботниот концерт ќе биде еден од последните нивни заеднички настапи. Еден од членовите на бендот, Вил Ај Ем, неодамна ги демантирал гласините за распаѓањето на групата, кои се појавиле кога раперот Канје Вест во текот на еден настап во Њујорк рекол „Почивајте во мир Блек Ајд Пиз, ќе недостигате“