Познатата пејачка Никол Шерцингер го оставила Формула 1 возачот Луис Хамилтон. Се чини дека седмата година од врската навистина е критична, бидејќи шокантното раскинување дошло после точно седум години врска. Наводно Никол одлучила да стави крај на врската бидејќи Луис одбил да се ожени и да заснова семејство.

 

Извор близок до парот изјавил дека се караат веќе со месеци, но сега нештата станале уште полоши. На Никол и дошло преку глава бидејќи Луис не сакал да се ожени. Таа била изгубена што се однесува до нејзината иднина. Парот веќе неколку седмици не е виден во јавност, а на неговиот Инстаграм профил се наоѓа заедничка фотографија објавена пред месец дена. Никол и Луси веќе неколку пати раскинувале, прво во 2010, потоа во 2011 и во 2013 година.