Една од најпознатите славни двојки, манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зеин Малик, се разделија по само седум месеци.

Иако, за нивниот прекин веќе неколку дена кружеа гласини, кога станува збор за славни личност ништо не може да остане тајна.

–Тие беа во конфликт поради нејзинитот роденден. Но, тоа е така кај нив. Веќе неколку пати прекинуваа и се смируваа, па постојат шанси веќе утре повторно да бидат заедно, откри непознат ивор за „Е!Онлајн“.

– Таа е многу тажна и ќе направи се за да ги решат проблемите кои им се најдоа на патот. За неа најголем проблем е оддалеченоста и фактот дека поради работата понекогаш не можат да стигнат ниту да се слушнат, додава тој.

Да потсетиме, нивната врска се обелоденија минатата година во септември, кога се појавија заедно на доделувањето на Американските мизички награди, само неколку дена откако Џиџи ја прекина шестмесечната врска со Џо Џонас. За ова Џо подоцна прокометира дека е „многу интересно колку брзо продолжила понатаму“.

Од тогаш, двојката нивната љубов често ја покажуваше на социјалните мрежи, направија и нивното прво службено издание на црвениот тепих како двојка, а снимија и романтичен едиторијал за „Воуг“ и спот за неговата песна „Pillowtalk“.

OhridNews
Извор:„МИА“