Легендарниот шпански голман Икер Касиљас и шпанската новинарка и топ модел, Сара Карбонеро ставија точка на заедничкиот живот. Двајцата разведувањето го официјализираа на социјалните мрежи, каде си посакаа среќа во понатамошниот дел од животот.
Касиљас и Карбонеро заедно поминаа 12 години. Двајцата во врска беа од 2009 година, но во јавноста ја официјализираа после финалето на Светското првенство 2010 година кога Касиљас во емисија во живо ја бакна Карбонеро. Во брак стапија во 2016 година, а заедно ги имаат синовите Мартин и Лукас.
OhridNews