Последен, кој ја напушти Македонија е кондициониот тренер Сандро Бенкардино претходно замина „шефот“ Марин Докузовски, а подоцна Марјан Лазовски.
Со Бенкардино кошаркарите тогашните подготовки ги започнаа во Охрид. Италијанецот ја темпираше формата на репрезентавците кои експлодираа на европскиот кошаркарски собир.
Докузовски селекторското столче го напушти по завршување на ЕП во Литванија, Лазоски го наследи, но не се прослави. Едиствен, кој сеуште е во македонска селекција од литванската кошаркарска бајка е Марјан Србиноски, кој е помошник на сегашниот селектор Алеш Пипан.