Очајна Американка која останала без работа влегла во ресторан во Индијанополис, му се приближила на благајникот, му рекла дека е вооружена и да и ги даде сите пари.
Додека тој се двоумел што да прави, жената почнала да плаче велејќи дека никогаш во животот не украла ништо и дека тоа никогаш не би го правела доколку не е принудена.
Додека благајникот ја тешел, еден од муштериите повикал полиција. Кога полицајците и ставиле лисици на рацете и и извршиле претрес, утврдиле дека жената немала никакво оружје со себе. Наспроти тоа, полицијата и напишала кривична пријава поради обид за грабеж.