Паднаа делови од фасадата и надворешниот ѕид од  стара трошна куќа која се наоѓа на ул. „Кузман Капидан“, веднаш над Античкиот тетар. За среќа во моментот кога се одронил ѕидот од куќата никој не поминувал во нејзина близина, велат очевидци.


Се одрона фасадата од старата куќа

Оваа куќа долги години претставува опасност за жителите од стариот дел на градот, но и за бројните туристи кои оттука поминуваат за да стигнат до Плаошник. На неколку пати општинските инспекциски служби ја констатирале состојбата на руинираната куќа, но истата не е санирана.


Старата куќа на ул.„Кузман Капидан“ опасна по минувачите

Вчерашниот одрон на делови од фасадата е сериозно предупредување за опасноста што ја претставува овој објект. Жителите од околните куќи стравуваат за безбедноста на нивните деца кои секојдневно поминуваат тука на пат за училиште. Тие бараат надлежните да преземат некакви мерки или сопствениците да ја санират старата дотраена куќа во стариот дел на градот пред таа целосно да се урне.

Ohridnews