Заради поголема безбедност на пешаците по чаршијата, остатоците од снежни наноси се расчистуваат, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Посочуваат дека поради поставеното новогодишно осветлување и декорации, подигнувањето не се спроведува машински.
Исто така, додаваат, после празничниот викенд се раскитува украсувањето за Богојавление-Водици.
OhridNews