По налог на општинскиот инспекторат деновиве екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ работат на расчистување на крајбрежниот појас на Охридското Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на реката Грашница.

-Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини пластична амбалажа, најлони и хартија и се очекува да  се подигнат од 3 до 4 метри кубни неразградлив комунален отпад, информираат од претпријатието. Оттаму додаваат дека се расчистувал и градскиот кеј на потегот кај малото пристаниште.

Исто така екипи на претпријатието деновиве работеле во месноста „Арбатица“ во село Лескоец, на патот кој води до манастирот „Св.Петар и Павле“ каде поради искршени багремови гранки била оневозможена нормалната проодност на патот.

OhridNews