Со акцијата за расчистување на реките во охридскиот крај се опфати и реката Сушица. Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат коритото на реката по нејзиното течение на улиците „15-ти Корпус“, „Кленоец“ и „Прилепска“.
За да се обезбеди непречен проток на речните води во есенскиот период, се отстранува жбунестата вегетација и натрупаниот градежен шут од речното корито, а околниот простор се коси.
OhridNews