ЈП Охридски комуналец продолжува со акциите за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралните патишта кои водат до Охрид.
Денес се расчистува магистралниот пат Охрид – Скопје, на потегот од Охрид до сообраќајната клучка до општина Дебарца. На оваа делница покрај рачното расчистување на комуналниот отпад, кое се изведува од страна на 10 комунални работници, се расчистуваат и мини депонии од градежен шут со ангажирање на специјална механизација.
– Поради несовесното однесување на поединци, во непосредна близина на коловозните ленти се создадени голем број мини депонии од градежен шут, потенцираат од јавното претпријатие.
Минатата сабота заврши акцијата за расчистување на делницата Охрид -Св.Наум во должина од 30км. При тоа беа подигнати 320 вреќи комунален отпад (пластика, хартија, лименки и др.).
OhridNews