Од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ информираат дека првомајските празници подготвено биле дочекани, со претходно реализираните акции за чистење на централното градско подрачје и плажите кои не се под концесија. Но, за жал, по празнувањето, очигледна е ниската свест на поединци кои на плажите оставиле остатоци од догорена скара, пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.
Денес четворица комунални работници беа ангажирани за расчистување на плажата во Трпејца , како и пристапните улички, од каде се подигнати три метри кубни разновиден комунален отпад. Поради специфичноста на теренот бил ангажиран и чамец за транспорт на собраниот отпад.
Од претпријатието информираат дека во текот на наредните денови ќе се реализираат активности за подигање на отпадот и расчистување на другите туристички населби.
OhridNews