Започнаа работни активности за расчистување на дивата депонија на  потегот на улицата „Јордан Мијалков“ во населба „Бејбунар“. Акцијата се спроведува по налог на Општина Охрид, а работните активности ги изведува градежното претпријатие „Победа“.

На локацијата е депонирано големо количество на различен вид отпад и градежен шут. Проблемот со отпадот на „Јордан Мијалков“ не е новонастаната ситуација, и се провлекува повеќе од една деценија наназад. Во непосредна близина на ова место се  наоѓаат  дел од изворите и каптажа за снабдување со вода на градот но, и тоа не е пречка за несовесните граѓани да одлагаат шут и отпад.

Имено,  на овој потег треба да има модерна сообраќајница која со одлука на Советот на Општина Охрид пред повеќе од 10 години доби име „Јордан Мијалков“ во чест на  поранешнот Министер за внтарешни работи Јордан Мијалков, кој трагично загина во сообраќајна незгода во соседна Србија. По оваа одлука, кратко започнаа и градежни активности, но тоа беше се. Оттогаш наваму, наместо модерна сообраќајница, граѓаните секојдневно ја гледаат сликата на дива депонија.

Како што информираа од Општина Охрид, акцијата ќе трае до целосно расчистување на отпадот.

OhridNews