Надлежните во локалната самоуправа во соработка со Центарот за јавно здравје, Факултетот за биологија и Управата за ветеринарни работи  изготвуваат стратегија за справување со наездата на инсекти во Охрид. Како што информира градоначалникот Никола Бакрачески, се очекува во текот на денот или утре да биде прецизиран  начинот на кој ќе биде решен проблемот.

Во текот на вчерашниот ден стапив во контакт со Центарот за јавно здравје и беше договорено постојано да сме во контакт, да се координираме со сите надлежни служби, Факултетот за биологија и Управата за ветернарни работи со цел да се идентификуваат причините за наездата во овој период, начините на кои ќе се изврши дезинсекција и потребните механизми. Се надевам дека денес или утре ќе имаме изградена стратегија како да се справиме со проблемот, изјави градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот информира дека се работи и на утврдување на соодветниот начин и термин за запрашување против комарци, со оглед на тоа дека годинава сеуште не е извршено земјено прскање против инсекти.

OhridNews