Утре во хотелот „Ривиера“ ќе биде промовиран документарен филм со наслов „Собирај, селектирај и рециклирај-научи за ПЕТ  во општина Охрид“.

Филмот е направен во рамките на проектот за селектирање ПЕТ амбалажа и примарно рециклирање што во јуни годинава го започнаа општината, „Охридски комуналец“ и еколошкото друштво „Јагода“.

Проектот има има за цел преку различни форми и активности да ја подигне еколошката свет кај граѓаните. Поддршка за неговата реализација даде Американската агенција за меѓународен развој-УСАИД.

Ohridnews