Убиства и оружени инциденти секојдневно ги полнат полициските билтени и новинарските редови. Речиси да нема ден, а да не се случи некој немил настан.
Во Скопје утрово во куќа во населбата Козле мртви со прострелни рани во главата биле пронајдени мајка и син, турски државјани. Ниту сопственикот на куќата, ниту некој од соседството слушнал пукање, а се претпоставува дека убиеството било извршено со оружје со пригушувач што наведува дека зад истото можеби стои професионалец.
Најкрваво деновиве е во Куманово. Откако минатата недела во кафеана беше изрешетан партиски функционер на ДУИ, а уште двајца беа ранети, денеска нов оружен инцидент. Во „Диво насеље“ каде во мај се водеше вистинска мала војна помеѓу специјалните полициски сили на Македонија и терористи, утрово смртно е застрелан 71 годишен старец, а уште едно лице е тешко рането. Напаѓачот бил од Косово и се наоѓа во бегство.
Крвав инцидент вчера се случи и во Гостивар. Десетгодишно дете загина откако било погодено во глава од заскитан куршум.
Оружен инцидент изминатиот викенд се случи и во Струга, кога од одмазда беше застрелан заменик директорт на УЈП Аргетим Асани.
Или, за пет дена во земјава се случија исто толкав број убиства.
Г.М.