Еден млад жител на Франција се простил од старата година на најубав можен начин, со освојување на џек пот од половина милион евра. Како што пренесуваат агенциите, момчето, старо околу 25 години, ставило само три монети од 20 центи во слот машината и добило 519.956 евра.

 

Директорот на касиното во Ла Рошел, на западот на Франција, раскажал дека момчето не сватило веднаш што му се случило. Бил како опиен, обземен од емоциите и потполно онемел. Тој навел дека тоа е најголемиот освоен џек пот во историјата на таа коцкарница.