Конечниот став околу ова прашање ќе биде дефиниран по состанокот на Здружението на прволигашите кое смета оти средствата за добивање вајлд-карта треба да бидат повисоки од 10.000 евра.
Новина е и тоа што секоја прволигашка екипа во сениорска конкуренција ќе биде обврзана да пријави екипа до 20 години. Ако некој прволигаш го откаже настапот во новоформираната младинска лига, ќе мора да плати 3.000 евра.