Во Поградец во четвртокот се одржа трилатерална средба на градоначалниците на трите езерски града, Александар Петрески, Рамиз Мерко и градоначалникот на Подградец Артан Шкемби.

Повод за средбата, потпишување на писмо на намери за “Подготовка  на стратегија за одржлив развој на туризмот во пограничниот регион на Охридското Езеро“. Носител на проектот е општина Охрид, а како партнери се јавуваат општините Струга и Подградец. Проектот ќе биде изработен од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, а ќе биде финансиран од Фондацијата “Балкан Труст“.
 
Тројцата градоначалници ја истакнаа заложбата за понатамошна поблиска соработка, со што регионот на Охридското Езеро ќе биде пример за регионална соработка со примена на европските искуства. Во таа насока, градоначалникот Петрески ја промовираше идејата за заедничка еколошка акција на брегот од албанската страна, во која би партиципирале јавните претријатија на Охрид и Струга.

Градоначалникот на Поградец Артан Шкемби со задоволство ја прифати идејата и се очекува веќе во текот на наредната седмица таа и конкретно да биде операционализирана. На средбата, градоначалникот Петрески на градоначалникот на Поградец Артан Шкемби му врачи Благодарница во име  на добрата соработка меѓу двата града и развивањето на  пријателските односи меѓу граѓаните на Охрид и Поградец.

Служба за информирање при Општина Охрид