Компанијата за огласување НЕИЛ од САД одлучила со празни конзерви, кои ги нарекле „Ништо“, да нахрани илјадници сиромашни граѓани од Род Ајланд. Праните конзерви се нашле на полиците на 130 продавници, а сите пари кои ќе се добијат од нивната продажба ќе се искористат за купување на храна за гладните.
Во акцијата за промоција на оваа кампања на луѓето им биле понудувани празни чинии за да почувствуваат како им е на сиромашните луѓе кои немаат ништо за јадење.