Внуката на Бенито Мусолини побарала полициска истрага откако на аукциската веб страница E-Bay се појавил оглас дека се продаваат мозок и крв од италијанскиот диктатор. Почетната цена била 15 илјади евра, но понудата набргу била отстранета бидејќи на интернет страната е забрането да се продаваат делови од телото.
Алесандра Мусолини смета дека остатоците од нејзиниот дедо се украдени од болницата во Милано во која била извршена аутопсија на неговото тело откако бил убиен на крајот на втората Светска Војна. Болницата, пак, тврди дека остатоците од телото на Мусолини се уништени уште во 1947 година, две години по неговата смрт.