Две шишенца за кои сопственикот рекол дека во нив се наоѓаат два заробени духа кои ја опседнувале неговата куќа, се продаваат на интернет аукција. За нив досега највисоката понудена сума изнесува 400 американски долари. Продавочот тврди дека духовите биле заробени откако еден свештеник извршил егзорцизам ви неговата куќа на Нов Зеланд.
За еден од духовите продавачот вели дека е од човекот Лес Грејем, кој умрел во куќата на почетокот на изминатиот век. Другиот заробен дух наводно бил на некое девојче. Во шишињата има света вода, која наводно ја одзема енергијата на духовите. За да ги оживее купувачот мора да ја претури водата во друг сад и да ги пушти слободно да се шетаат низ куќата.