По цена од 1393 денари за метар квадратен локалната самоуправа денес по пат на електронско јавно наддавање го понуди на продажба градежното земјиште наменето за изградба на Дом за стари лица во Грашница. Површината на градежната парцела е 8425 метри квадратни, а површината за градење 6299 метри квадратни.

Право на учество на јавното наддавање имаат: физички лица: државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на вропската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистар на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на ериторијата на Република Македонија.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 11.05 .2015 година, до 16.00 часот . Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk и ќе започне на 14.05.2015 год , во 10 часот и истото  ќе трае 15 минути.

Оттуѓувањето на земјиштето се врши според одлука донесена од страна на советот во октомври минатата година, која беше усвоена од мнозинството советници но без амин од опозицијата. Опозицијата е со став дека одлуките за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на катна гаража, автобуска станица и Дом за стари лица не е во интерес на граѓаните.

Од локалната самоуправа беше потенцирано дека оттуѓувањето на земјиштето ќе се врши со строго дефинирана намена.

OhridNews