Куќата во која е снимен мега популарниот филм „Scarface“ е ставена на продажба за 35 милиони долари. Раскошната вила “El Fureidis”, или во превод Мал рај, која во филмот му припаѓала на злоглансиот кубански гангстер Тони Монтана, се наоѓа во Монтесито, во близина на Санта Барбара, Калифорнија.
Изградена е на почетокот на минатиот век во проект на реномираниот архитект Бертрам Гудхју, и позната е како еден од најубавите имоти во тој дел од Калифорнија. Има четири соби, девет тоалети и величествен поглед на Пацификот, како и голем парк, бројни фонтани, базени, веранди и тераса на покривот. Според медиумите, актуелен сопственик е рускиот тајкун Сергеј Гришин, кој волата ја купил во 2008 година како „куќа за одмор“.