Познатата куќа на основачот на еротското списание Плејбој, Хју Хефнер, кој во таа градба организирал бројни забави, се продава за 200 милиони долари, објави американскиот сајт TMZ. Компанијата Плејбој одреди цена од 200 милиони долари за вилата во луксузниот кварт Беверли Хилс во Лос Анџелес, иако експертите за недвижности сметаат дека куќата вреди помеѓу 80 и 90 милиони долари.

 

Купувачите ќе бидат во можност да ја посетат куќата и сите простории освен собата на Хефнер, наведува TMZ и додава дека услов за купувачите е Хефнер да остане во таа куќа до смртта. Куќата е изградена во готски стил во 1927 година и многу од посетителите рекле дека не е во добра состојба. Хефнер, роден во 1926 година, е основач на еротското списание Плејбој кое прв пат е издадено во 1953 година. Најпознатото списание за мажи, во склоп на своето редизајнирање одлучи да престане да објавува фотографии од потполно голи жени.