Вилата на Беверли Хилс во која своевремено живеел Елвис Присли со сопругата Присила била ставена на продажба за 12,9 милиони долари. Исто како и „Грејсленд“, имотот на Елвис во Мемфис, Тенеси, калифорниската вила со децении била место кое било посетувано од многубројните обожаватели на кралот на рокот.

Вилата, која се простира на имот од околу половина хектар, со поглед на Лос Анџелес, има четири спални соби и пет тоалети. Елвис и Присила ја купиле куќата во 1967, а ја продале неколку години подоцна кога се развеле. Пред да биде понудена на продажба, вилата се изнајмувала по цена од 25 илјади долари месечно.