Британскиот дизајнер од Ливерпул, Стјуарт Хјуз ќе изработи само три луксузни телевизори од 28 килограми 18-каратно розе злато. Секој од нив ќе содржи и рамка која ќе биде украсена со еднокаратни дијаманти.
Хјуз украсува електрични апарати во својата работилница. За украсување на телевизорите се подготвувал со месеци. Неговите производи се наменети исклучиво за многу богати луѓе. така заинтересираните за овој телевизорот ќе треба да одвојат 1,5 милиони фунти.