Историското село Вале Пиола кое се наоѓа во планинскиот предел на националниот парк Гранд Сасо во покраината Абруко може да се купи за 550 илјади евра. Во селото се наоѓаат околу 13 камени куќи како и црква од 13 век. Напуштено е веќе 30 години и се потребни некои инвестиции. Со оглед на тоа дека државата нема средства да го обнови селото, локалната власт и пензионерот кој е сопственик на неколку куќи решиле да го продадат.
Тие сакаат да најдат купувач, но немаат идеја колку средства се потребни за вложување. Првата работа во која треба да се вложи е изградбата на пат, бидејќи до селото се стигнува низ прашлива патека. Италија е полна со напуштени села, но локалните жители велат дека Вале Пиола е посебно поради добрата локација и единствената архитектура.