Едно мало француско село, кое е одамна напуштено од жителите, било понудено на аукциска продажба со сите свои содржини, со почетна цена од 300 илјади евра. Селото Курбефи се наоѓа на 40 километри од градот Лимож, во централна Франција, и се состои од неколку семејни куќи со помошни згради, дом на култура, капела и урнатини од замок од 13 век. Тоа имало и неколку тениски терени и базен.


Курбефи некогаш броело 200 жители, кои на почетокот на седумдесеттите години започнале да се иселуваат. По неколкуте безуспешни обиди во него да се врати животот, со посебна програма за селски туризам, селото пред неколку дена било ставено на аукција со почетна цена од 300 илјади евра.