Новозеландскиот брачен пар Бил и Кристин Хена го продаваат селото Отира на западниот брег од Јужниот Остров. Во селото имало бар, училиште, железничка станица, градско собрание, куче и 40 жители. Селото го купиле пред 12 години од сожалување.
Го продаваат бидејќи обајцата имаат над 60 години и немаат енергија да се грижат за хотелот и селото кое се простира на 60 хектари. Им треба некој помлад пар, кој ќе го оживее селото со своите идеи. Го купиле за 50 илјади евра, а сега го продаваат за 700 илјади евра, вклучувајќи го и хотелот.