Американската фирма Firebox.com добила дозвола да произведува и продава реплика на популарниот Бетмобил. Автомобилот со ракетни фрлачи на пламен се продава по неверојатна цена од 135 илјади евра.


Бетмобилот има GM350 мотор, кожни седишта и се пали на прекинувач. Ги има и сите останати алатки како и правиот автомобил на Бетмен, иако немаат функции како оние на филмот. Додадени биле и детали од 21 век кои би го олесниле животот на сопственикот.