Иако на себе има дамки од кафе и траги од изгорени цигари, пианото на кое свиреле Битлси би можело да достигне цена од околу 15о илјади евра. Благодарение на тоа што го користеле при снимањето на некои од нивните најголеми хитови, обожавателите едноставно се тепаат кој да го купи.


Иако на него никогаш повеќе нема да свири Џон Ленон, тоа сепак има непроценлива сентиментална вредност. Откако снимиле некои од нивните најголеми хитови, студиото „Еби Роуд“ го откупило пианото, а на истото свои песни снимале и други славни бендови како пример „Пинк Флојд“.